Прочитано 289 пати 0 коментари
First category (entire audience)

И „Ред Бул“ (Red Bull) го покажа новиот болид

Светскиот шампион во Формула 1, тимот на „Ред Бул“ (Red Bull), последен од големата тројка го претстави болидот со кој ќе настапи во претстојната сезона. Марк Вебер ќе биде првиот кој ќе го испроба новиот RB8 болид на предсезонските тестови на патеката во Херес, Шпанија.
 
Повеќето елементи се базирани на минатогодишната верзија, а извршените зафати се во правец на подобрување на аеродинамиката и усогласување на целокупната спецификација на правилата кои се пропишани за оваа година. Од тимот истакнаа дека се надеваат на добро завршената работа во зимскиот период, и дека оваа година ќе се обидат да го надминат минатогодишниот резултат, па затоа главна цел е да се победи на повеќе од 12 трки.
 
Резултатот од напорната работа на целиот тим ќе стане видлив набргу, бидејќи сезоната стартува на 18 март со Големата награда на Австралија, која ќе се вози на патеката во Мелбурн.

Повеќе вести од денес тука.

Сподели Мислење:

0%
Смешно
0%
Депресивно
0%
Страшно
0%
Интригантно
0%
Брилијантно
0%
Нервира
Вкупно коментари: 0
Најави се за да поставиш коментар

Наша препорака

Марко Новески директно во ѕид! Совети за безбедно возење Светските џет-сет авантури во Скопје

Наши партнери

Здружение на возачи alfa СВ магазин Дигитал стар филм sportlife

Фоторепортажа

Спонзорирани линкови

Видеопотсетник