Американците се во азиски сендвич. Очекувано е американските брендови да бидат силни на свое „буниште“, но Јапонците, исто така се чувствуваат како домаќини на автомобилскиот пазар во Новиот свет.
„
Линколн“ луксузниот бренд на „Форд“, настапи со концептот
MKZ, веќе спремен да излезе на патиштата. Моделот има големи можности за за индивидуализација, со четирите засебни фотелји во прекрасна беж кожа, со електрично подесување, греење и вентилирање. Врвна елеганција и однадвор и одвнатре со елементи од дрво и панорамски простор над секој од четворицата патници.
Јапонските брендови докажаа дека се големи играчи на американскиот пазар. Така „Тојота“ со „Приус Ц“ (Prius C), што во Јапонија се продава под името „Aлва“ нуди уште уште една хибрид верзија, произлезена од „Приус“, но помала, на платформа од новиот „Јарис“. Проверениот хибриден погон е впрегнат на предната оска. До брзини од 50 км/ч може да функционира само на „батерии“ и во просек троши 3,8 литри на 100 километри.
Атрактивната „
Тојота NS4“ е „Приус“ од иднината. Футуристичка креација што на пазарот треба да стаса во 2015 година. Импресивната внатрешност со централен екран преку кој се регулура сè од „смарт“ телефон, моторот, климата, аудио линијата, камерите поставени место надворешни ретровизори, со еден збор сè.
Моќниот
Scion FR-S Drifter, тркач со 600 „грла“ е производ на спортскиот подбренд на „Тојота“, многу популарна во САД. Подготвен за Формула, Дрифтер шампионатот со моќни линии, огромни спојлери, со кожни седишта, и агрегатот со 600 КС.
Новиот
Nissan Pathfinder ја потврди својата класа. Однадвор гледано, докажаниот SUV ги задржува препознатливите црти. Но, за прв пат во 27-годишната историја на моделот, радикално се менува концепцијата. Новата генерација се надградува на целосно нова платформа. Новата изведба нуди поголема удобност. Има место за седум патници и е опремена со голем број елементи од дрво и алуминиум. Обновениот V6 мотор доаѓа со варијаторен менувач (CVT) и со намалена потрошувачка на гориво за 25%. На пазарот во САД ќе пристигне во септември оваа година.
Концептот „
Хонда Акорд Купе“ е речиси готов производ што секој миг може да влезе во продажните салони. Производителот најави проширена палета на мотори, како и повеќе нивоа на опременост, меѓу кои се: ЕХ и ЕХ - L пакетите. Агрегатите се помоќни, но со помала потрошувачка и пониска емисија на издувни гасови. Во понуда, покрај моторот со четири цилиндри - 2,4-литарски, со 180 КС е и V6 со 3,5 литри, како и хибридна изведба со 2,0-литарски бензинец од 156 КС и електричен мотор со 120 КС, што со „нула“ емисија на издувни гасови минува 25 километри во градски режим на експлоатација.
Концептот „Акура NSX“ плени со атрактивната појава. Во производство треба да влезе во 2014 година. Доаѓа со хибриден погон, комбинација од бензински V6 мотор и три електрични мотори. Првиот електромотор е поврзан со моторот со внатрешно согорување (нова генерација VTEC), додека другите два се одговорни за погонот на предните тркала. Така новиот систем Sport Hybrid SH-AWD го пренесува вртежниот момент на сите четири тркала на возилото. Вкупната моќност е околу 400 КС, а забрзувањето од 0 до 100 км/ч за помалку од 5 секунди.
Првиот дел од North American International Auto Show 2012 можете да го прочитате
тука.
Вториот дел од North American International Auto Show 2012 можете да го прочитате
тука.
Четвртиот дел од North American International Auto Show 2012 можете да го прочитате
тука.
Петтиот дел од North American International Auto Show 2012 можете да го прочитате
тука.
Шестиот дел од North American International Auto Show 2012 можете да го прочитате
тука.
Повеќе вести од денес
тука.