Прочитано 1397 пати 0 коментари
First category (entire audience)

Направен е бензинец поштедлив од дизелаш

Еден од најголемите светски производители на автомобилски делови и технологија, американскиот „Делфи“ (Delphi), успеа да создаде нешто што досега беше апсолутно невозможно. Дизел моторите секогаш биле поефективни од бензинските, меѓутоа предностите кои ги имаат, како што е малата потрошувачка во најголем број на случаи, се поништуваат со трошоците потребни за технологијата за намалување на емисијата на издувните гасови.
 
Наспроти ова, бензиските мотори имаат ниски емисии на изувни гасови, но далеку поголема потрошувачка на гориво. Компанијата ,,Делфи'' успеа да развие бензински мотор со внатрешно согорување, поштедлив и еколошки поприфатлив дури и од модерните дизел мотори. Па како тоа на Американците им успеа со еден удар да убијат две муви?

Едноставно кажано, компанијата ги искористи дизелските методи и технологијата на согорување на горивната смеса, наместо бензинските, како досега. Слично решение веќе објави „Мерцедес“ со својата DiesOtto-технологија. Во суштина, денешните бензински мотори мешавината на бензин и воздух ја палат со свеќички, додека дизел моторите ја користат компресијата.

Компресијата на бензинските мотори е околу 9:1, додека кај дизелските е од 14:1, до дури 25:1.

Повеќе вести од денес тука.

Сподели Мислење:

0%
Смешно
0%
Депресивно
0%
Страшно
0%
Интригантно
0%
Брилијантно
0%
Нервира
Вкупно коментари: 0
Најави се за да поставиш коментар

Наша препорака

Нов начин на светлосна сигнализација во Скопје ВИДЕО: Запознајте го новиот „Пежо 308“ „Ферари“ од 1953 год продаденo за 10 милиони евра Ferrari FXX Evoluzione Kој е најголемиот автомобил на светот? Bentley Continental GT 2013

Наши партнери

Здружение на возачи alfa СВ магазин Дигитал стар филм sportlife

Фоторепортажа

Спонзорирани линкови

Видеопотсетник