Прочитано 332 пати 0 коментари
First category (entire audience)

„Форд Б-Макс“ со бои од „Гучи“, „Версаче“ и „Миу Миу“

За време на неделата на модата во Милано, дизајнерите на „Форд“ го покажаа својот нов компактен моноволумнец „Б-Макс“, чија премиера на производната верзија е наредниот месец на саемот за автомобили во Женева, во бои инспирирани од светот на модата и напредните технолошки уреди.

Така, боите за „Б-Макс“ се „Брнишед глоу“ (Burnished Glow), „Тектоник силвер“ (Tectonic Silver) и „Наутик блу“ (Nautical Blue), во луксузен стил што го предводи модната куќа „Гучи“, односно „Версаче“ и „Миу Миу“. Сериф Селеби, дизајнерката во „Форд Европа“ задолжена за боите и дизајните, вели дека е презадоволна од новиот колоритет што го лансира „Форд“.

Таа и нејзиниот тим ги следат модните трендови за боите на материјалите и дизајните, напоменувајќи дека тие не можат како модните креатори на секои шест месеци да лансираат нови палети на бои. Па затоа нивниот избор мора да е поконцизен и посуптилен, за нивните креации да останат во чекор со модата и стилот што ќе следи и во наредните години.

Повеќе вести од денес тука.

Сподели Мислење:

0%
Смешно
0%
Депресивно
0%
Страшно
0%
Интригантно
0%
Брилијантно
0%
Нервира
Вкупно коментари: 0
Најави се за да поставиш коментар

Наша препорака

Марко Новески директно во ѕид! Совети за безбедно возење Светските џет-сет авантури во Скопје

Наши партнери

Здружение на возачи alfa СВ магазин Дигитал стар филм sportlife

Фоторепортажа

Спонзорирани линкови

Видеопотсетник