Прочитано 439 пати 0 коментари
First category (entire audience)

„Фиат“ со седан ја освојува Кина

„Виаџио“ (Viaggio, во превод патувањe) е наменет пред сè за кинескиот пазар и неговото кинеско име „Феи ксианг“ (Fei Xiang) на кинески значи „летање“. Најавен како целосно нов модел, сепак може да се насети дека влече корени од моделот „Доџ дарт“ (Dodge Dart), што патем речено е поставен на платформата на „Алфа ромео џулиета“ (Аlfa Romeo Giulietta), со тоа што порасна во сите насоки.

Инаки, „Виаџио“ е проект на групацијата „Фиат-Крајслер“. Овој компактен седан со четири врати треба да се пробие на кинескиот пазар. Долг е 4,679 метри, широк 1,85 и висок метар и половина, со меѓуоскино растојание од 2,708 метри. Погонските групи се познати од „Фиат Пауертреин“ (Fiat Powertrain): турбобензинци - 1.4 T-Jet со 120 и 150 КС, со петстепен мануелен менувач и DDTC (Dual Dry Clutch Transmission) автоматика.
 
Инаку моделот е дизајниран во Европа, во дизајнерскиот центар на „Фиат“ во Торино, а ќе се произведува во погоните на „Фиат“ во Чангшо, во Кина. Првите модели од производните ленти ќе се симнат во втората половина на годинава, а продажбата ќе стартува во третиот квартал.

Повеќе вести од денес тука.

Сподели Мислење:

0%
Смешно
0%
Депресивно
0%
Страшно
0%
Интригантно
0%
Брилијантно
0%
Нервира
Вкупно коментари: 0
Најави се за да поставиш коментар

Наша препорака

Нов начин на светлосна сигнализација во Скопје ВИДЕО: Запознајте го новиот „Пежо 308“ „Ферари“ од 1953 год продаденo за 10 милиони евра Ferrari FXX Evoluzione Kој е најголемиот автомобил на светот? Bentley Continental GT 2013

Наши партнери

Здружение на возачи alfa СВ магазин Дигитал стар филм sportlife

Фоторепортажа

Спонзорирани линкови

Видеопотсетник