Aвтомобилот на „селебрити“ личностите не е само обичен модел, туку, најчесто статусен симбол и поради тоа кај нив секогаш постои незапирлив порив за купување на суперексклузивни и суперегзотични „парчиња“ што некогаш вредат вистинско богатство.
Еве ја листата на 10 најскапи автомобили што ги имаат светските ѕвезди и што навистина предизвикуваат барем мала завист кај обичните „смртници“. Продолжуваме да одбројуваме до четвртото место:
7. На седмо место е „Ролс ројс дроп фантом“, кабриолет изработен по нарачка на Дејвид Бекам и проценет на 310.000 евра - ситница.
6. На шестата позиција се пласира „Мерцедес SLR Мекларен“ вреден 342 илјади европски банкноти, што гордо се „перчи“ во гаражата на познатиот шоумен и голем колекционер на автомобили Џеј Лено.
5. Петтата позиција е резервирана за 510 илјади евра вредниот „Енцо ферари“ што е дел од возниот парк на популарниот холивудски актер Николас Кејџ.
4. Четвртото место во топ 10 листата е резервирано за „Порше 950“ вредно 532 илјади евра, а во сопственост на познатиот комичар Џери Сајнфилд.
Едиторијалот за десет „нај“ автомобили на познатите има три дела.
Првиот дел може да го прочитате тука.
Третиот дел може да го прочитате
тука.
Повеќе вести од денес
тука.